За македонскиот пејач со српска адреса, Даниел Кајмакоски, постојјано гледаме и читаме дека му цвета во љубовта откако ја најде како што вели вистинската- втората сопруга Марина.
Неговата понежна половина и сродна душа е она што отсекогаш го барал кај жена, барем така тврди самиот.
Даниел Кајмакоски,кон крајот на месец мај правеше мала свадбена веселба откако минатата година склучија граѓански брак со сопругата Марина.
Иако откако се ожени по вторпат и стана татко на второ синче, Даниел стана потранпарентен пред јавноста и медиумите, но за свадбената веселба не сакаше да открива ништо освен свадбената торта од која најзабележлив.
беше еден детаљ, односно фигура од бебешка розова количка која недно го најави доаѓањето на уште едно бебе – овој пат женско!
Даниел и Марина не се огласиле дополнително за приновата, се досега кога потврдата се гледа преку фотографија од трудничкото стомаче на Марина кое ѕирка под белиот фустан.
Имено, брачната двојка со синчето дојдоа во посета на Македонија, веројатно родната Струга на пејачот, а не го заобиколија ниту Охрид кој Даниел го обожава.
Седнаа во кафуле, па моментот го овековечија со неколу фотографи. Се пиеше кафе, сокче, пиво, а се насладуваа и со охридски цреши и малини.
Очигледно пејачот и неговата сопруга не чекаа многу за проширување на семејството, бидејќио малиот Стефан до добија пред една година, а наследничката доаѓа за некој месец да им го збогати животот.
фото: Instagram printscreen/ maidhecimovic/ daniel_kajmakoski/ mygrandparentshousecafe