Љубов и секс

Совети од машка перспектива! Еве што не треба да носат жените во кревет

Совети од машка перспектива! Еве што не треба да носат жените во кревет

Овој пат нема да зборуваме за самиот секс, вештините и долната облека, туку за факторите кои ги иритираат мажите пред да започне сексот.

Нејзиниот сјај за усни е толку леплив што се чувствувам како да бакнувам лепак.

 

Јасно е дека ние девојките сакаме кармини, балсами и сјаеви за усни. Но, кога сте во кревет со партнерот, прескокнете го сјајот за усни. Не само што некои од сјаевите имаат непријатен вкус, туку можат да бидат и многу лепливи, што може да биде многу непријатно, особено за мажите кои обично немаат ништо на усните.

 

Нејзиниот парфем е толку силен што го замириса целиот стан.

 

Дури и ако не можете да почувствувате колку е силен вашиот парфем, не прскајте го премногу по целото тело. Доволно е само помалку парфем овде-онде, за да го помирисаат само оние кои се оддалечени неколку сантиметри од вас. Исто така, можеби вашиот партнер не го сака парфемот или е многу силен и вознемирувачки, па навистина е подобро да го користите во мали дози.

 

Кога нејзиното тело е мачкано со масло, толку е лизгаво што не можам ни да ја фатам.

 

Дури и ако имате сува кожа, пред да одите на спиење не користете масло. Маслата потешко се апсорбираат и можат да бидат многу лизгави за разлика од млеката и лосиони за тело.

 

Нејзината шминка е насекаде, на мене и на чаршафите што ги сменив вчера.

 

Одредени кармини се мрсни и имаат непријатен вкус на усните на вашиот партнер. Освен тоа, шминкањето за во кревет и штети на вашата кожа. Не заборавајте дека шминката остава траги и на него и на постелнината. Ако веќе не можете без шминка, обидете се да користите козметички производи кои се сметаат за водоотпорни и не оставаат никаква трага. Партнерот ќе ви се заблагодари.

Извор: Попара

To top