Лице в лице

Сотир Лукровски во „Ништо лично“: „Јас сум човек кој не лаже, кај мене срамот е поголем од стравот“ (ВИДЕО)

Сотир Лукровски во „Ништо лично“: „Јас сум човек кој не лаже, кај мене срамот е поголем од стравот“ (ВИДЕО)

Во неговата биографија  нема да најдете објавени податоци дека досега бил носител на било каква јавна функција. Политиката ја перцепирал само отстрана иако некои од врвните македонски политичари му биле најдобри другари и се’ уште му се. Но, тоа не причината заради која влегува во политиката како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за градоначалник на скопски Карпош.

По едукација е дипломиран економист, работел како секторски директор за продажби и маркетинг оперативни активности во компанијата Алкалоид Конс  која е дел од групацијата Алкалоид.

Неговите  семејни корени потекнуваат од Егејска Македонија,  па станува познат по тоа што е активен во здруженија кои се борат за правата и зачувувањето на македонската култура кај населението кое живее или потекнува од овие региони во денешна Република Грција.

Неговите активности за правата на Македонците во Грција се споменуваат како причина што во даден момент му бил забранет и влез во Грција.

Како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Општина Карпош  потенцира дека се залага за регулиран урбанистички развој, повеќе зеленило, решавање на проблемот со паркирање, модернизација на градинките и училиштата, борба со загадувањето и уреден јавен простор.

Вели дека не ветува чудесни проекти, туку акцент ќе стави на секојдневна работа, блискиот контакт со граѓаните и тимскиот пристап. Посочува дека неговата кандидатура не е заради политичка кариера, туку одговорност и обврска кон заедницата.

За одлуката да влезе во политика, за тоа дали да си „почетник“  во политиката е компаративна предност или хендикеп, за менаџерскиот пристап во решавање на проблемите, за  дружењето со премиерот Мицковски кое некои од неговите противкандидати му го припишуваат како „грев“, за идеите, плановите, програмата и проектите што ги зацртал и предвидел за карпошани доколку ја добие нивната доверба, за она што најмногу му пречи во општината во која и самиот живее и она што му се три врвни приоритети да ги направи како потенцијален градоначалник на Карпош, за непринципиелните коалиции на неговите противкандидати и валканата „црна кампања“ на главниот политички опонент против него, за лажните ветувања и неисполнетите остварувања на претходникот – сега негов главен противкандидат…

Но и за детството, родителите, семејството, сопругата и трите деца, за маалскиот живот, соседите, пријателите, за слободните активности, за приватноста, сопствените хобија и пасии, и уште за сто и една работа која или не сте ја знаеле или ја знаат само малкумина нему блиски, распнат помеѓу желбите и потребите, работата и изборната кампања, во ова издание на интер ток шоуто „Ништо лично“ разговаравме со Сотир Лукровски, потенцијален иден градоначалник на скопската Општина Карпош.

Премиерата оди секоја среда од 20.00 часот, а доколку сте ја пропуштиле и неа како и сите досегашни изданија на „НИШТО ЛИЧНО“  можете да ги погледнете во било кое време, 24/7 ексклузивно само на YouTube каналот на КурирМК (.

To top