Радио Милева шокантна убавина

Снеже Велков доживеа два шока во еден ден: Еден од вештачка интелигенција, другиот од природен уживател! (ВИДЕО)

Снеже Велков доживеа два шока во еден ден: Еден од вештачка интелигенција, другиот од природен уживател! (ВИДЕО)

Македонската ТВ водителка Снеже Велков колку навидум да изгледа нежна, кршлива и слабичка, во суштина е „итра Митра“, на која мозочето и работи „сто на  саат“! Не може ништо да и избега од вид, да и кидне од видокруг, да не го процени и препознае…

Арно ама, еден ден се случи и тоа. Русокосата ТВ водителка и екс пилатес инструкторка да се фати себеси дека е прелажана. Да доживее двоен шок во еден ден. И тоа едниот предизвикан од вештачка интелигенција, а другиот од природен уживател!

Имено, „копајќи“ по богатата музичка ризница на непрегледното царство на неговото величество Интернетот, Снеже како и многумина други да ти наиде на една песна, која ќе ја „обори од нозе“. Тотално ќе ја разнежни, ќе ја „разлигави“ и стопи како путер на шпорет… Ма само што не почнала „по подот да се размачкува“ од милозвучната лирска убавина!

Групата се вика „Ноќен ритам“, а всушност не е обична музичка група, туку проект на вештачката интелигенција. А пуста Снеже на прво, второ, на којзнае кое слушање веднаш не  препознала до какво непрепознавање е доведена суштината на измамата. Па си помислила дека бендот негде држел концерт, а снимката е од него во живо, но штом малку проскролала за да им ја најде биографијата, останала шокирана, по што сега малку и е криво.

Песните врв, ама кој да препознае прв дека АИ може да ти ги спакува за да звучат нај, нај…!

Шокот број еден поминал, разочарувањето на пат да си замине, ама затоа песните – останале во нејзината реминисценција… Та биле направени и со вештачка интелигенција!

И уште првиот шок не минал до крај, кога ете ти го вториот во ист ден, овај пат природен! Поточно водителката на „Нешто конкретно“ овој пат ја шокирал евидентно, природен уживател! И тоа кај нас веќе апсен за носење и поседување, зашто сите знаат дека познатиот српски рапер Раста, припаѓа на познатата „треварска каста“!

Трансформацијата евидентна, а водителкта конкретна:  „Раста раперот се направил човек“! Можеби, ама прашање е дали уживањето ќе му остане довек?

Како и да е,  Снеже Велков стана познат лик што во еден ист ден, од два шока пател: Еден од вештачка интелигенција, другиот од природен уживател!

Фото и видео: Инстаграм/velkovsneze

To top