Славната Колумбијка, Софија Вергара (54), испраќаше поддршка до фудбалерите на Мундијалот, меѓутоа, ова натпреварување заврши за колумбиските репрезентативци.
Не помогна ниту тоа што Софија навиваше за нив. За да ја прекине серијата фотографии на кои е во навивачки модни изданија, убавата актерка позираше во долг, шарен фустан со интересен исечок на градите.
Овој пат, таа имаше посебен повод – наполни 54 години.
View this post on Instagram
Горниот дел од фустанот привлече и најмногу внимание, а благодарение на исечокот под градите, Софија дополнително го нагласи струкот и на целата своја фигура ѝ даде нота на заводливост.
Златната чантичка и дискретниот накит ја комплетираа оваа „цветна магија“, а Софија демонстрираше вистински летен аутфит кој не бара премногу труд.

Во коментарите луѓето не го криеја своето воодушевување, но никој не го фалеше нејзиното модно умеење, туку исклучиво нејзиниот изглед. Интересно е што секогаш кога ќе се појави Софија Вергара, веднаш главна тема станува нејзиното бомбастично деколте кое не може да го сокрие, дури и да сака, пренесува Б92.
фото:instagram printscreen/sofiavergara





