Синот на некогашниот фудбалер на Црвена звезда, Иван Гвозденовиќ, привлекува големо внимание на социјалните мрежи, и тоа не поради спортот, туку поради својот впечатлив моден израз.
Додека неговиот татко со години беше препознатлив по успесите на теренот, носејќи го дресот на Црвена звезда и на бројни европски клубови, неговиот наследник избра сосема поинаков пат.

Наместо спортски достигнувања, тој се најде во центарот на вниманието поради својот автентичен стил на облекување кој предизвикува бројни реакции во јавноста.На фотографиите што ги објавува на социјалните мрежи, тој често позира во фустани, сандали со високи потпетици и со внимателно избрани модни додатоци.

Неговиот изглед неретко е надополнет со рачни чанти, комплетна шминка, крзнени капи и впечатлив накит.Сепак, една од семејните фотографии покажува и друга страна на приказната – блискост и заедништво. На неа се заедно Иван Гвозденовиќ, неговата сопруга и синот, што укажува на цврсти семејни врски и покрај разликите во начинот на живот и јавното претставување.

Да потсетиме, Иван Гвозденовиќ во текот на својата богата кариера ги носеше дресовите на бројни домашни и странски клубови, меѓу кои белгискиот Клуб Бриж, францускиот Мец, романското Динамо Букурешт, Металург Доњецк, Војводина, Тирана, Скендербег и Кукеши, а денес успешно гради тренерска кариера.
фото:stylebylegend/instagram printscreen




