Радио Милева „wow“

Шпага во вис која остава без здив: Утринската гимнастика на Накова погледот на мажите им го закова

Шпага во вис која остава без здив: Утринската гимнастика на Накова погледот на мажите им го закова

Атрактивната гевгелиска убавица и поранешна манекенка Александра Накова уште еднаш докажа дека за неа не постојат граници кога станува збор за одржување на беспрекорната форма и провокативниот изглед.

Иако пред неполни три месеци, поточно на крајот на август, таа во целосна тајност стана мајка по вторпат и на свет го донесе синот Александар, Накова веќе изгледа како никогаш да не била бремена.

 

Нејзината најнова објава на Инстаграм буквално ги вжешти социјалните мрежи и ги остави следбениците со подотворена уста.

Облечена во супер-тесен црн спортски комплет кој ги исцртува сите нејзини облини и тенкиот струк, Александра го започна денот на реформер пилатес справа. На кадрите кои ги сподели со опис дека го почнува утрото со истегнување и изведува неверојатно тешка, но и доста атрактивна поза – буквално вистинска шпага во вис, демонстрирајќи врвна флексибилност, сила и сексапил од кој запира здивот.

Со оваа утринска гимнастика, Накова погледот на мажите им го закова, па се задржаа подолго на нејзиното „стори“.

Да потсетиме, Александра со месеци вешто ја криеше својата втора бременост далеку од очите на јавноста, а откако го роди малиот Александар кој го доби од врската со бугарскиот фудбалер Ѓорѓи Јомов, таа стана максимално активна и опуштена со споделување детали од приватноста на социјалните мрежи.

Иако лицето на бебенцето сè уште го крие со емотикони, Накова редовно споделува моменти од своето ново секојдневие, докажувајќи дека улогата на мајка на две деца ѝ стои подобро од кога било.

фото:Instagram printscreen/naleksandraofficial

To top