Александра Пријовиќ и нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ преживеаја вистинска драма пред нивниот семеен дом на Бежанијска коса во Белград, откако непознати лица во доцните ноќни часови им го запалија луксузниот џип паркиран спроти нивната куќа.
Според најновите информации од терен, сигурносните камери од соседните објекти ги снимиле двајцата маскирани напаѓачи како носат канти со запалива течност, го полеваат скапиот автомобил и го палат, по што веднаш побегнале.
Полицијата и пожарникарите експресно пристигнале на местото на инцидентот и спречиле огнот да се прошири.
View this post on Instagram
Полициските инспектори веќе ги презеле снимките од надзорните камери и извршиле информативни разговори со Александра, Филип и со соседите за да ги идентификуваат сторителите.
Како што откриваат извори блиски до семејството, пејачката и нејзиниот сопруг се во шок, но веруваат дека не биле директна мета на овој вандалски чин, туку дека се само „колатерална штета“.
Целосно уништеното возило веќе е отстрането од улицата и префрлено во дворот кај Лепа Брена и Боба Живојиновиќ.
фото:Instagram printscreen/srbija.sad1/beograd.info/moj_beo_grad_






