Пејачката Дара Бубамара е позната и како една од сопственичките на најбујната предница на српската естрада.
На Инстаграм профилот на Дара може да се видат еден куп провокативни слики во разни костими за капење, на кои пејачката слободно и смело позира и ги истакнува своите облини кои секој пат предизвикуваат хаос на мрежите, а коментарите се без крај.
Таа неколкупати ги зголемила градите, а како што неодамна објавија српските медиуми, имала уште една корекција, па сега наместо „седумки“ има „осмици“.
Се дознава дека пејачката била оперирана во тајност, а потоа им се пофалила на најблиските пријатели дека сега има уште поголеми гради.
Нејзината пријателка изјавила дека Дара е пресреќна, а и покрај тоа што има огромни гради, кичмата воопшто не ја боли.
Според понатамошните извештаи, пејачката на оваа процедура потрошила 4.500 евра, а нејзините гради сега наводно тежат 1,6 килограми, напиша „Информер.рс“.
Да потсетиме, Дара Бубамара често е мета на потсмев за фотографии на кои го менува личниот опис и претерува со фотошопирањето.
фото:Instagram printscreen/darabubamara_official