Познатата пејачка Ана Николиќ се најде во центарот на вниманието откако наводно физички нападнала и навредувала момче во кафуле во трговски центар во комплексот Белград на вода.
Според очевидци, Ана прво била во бутик, а потоа се упатила кон кафуле каде седнала со маж.
Меѓутоа, ситуацијата ескалирала кога Ана наеднаш го променила расположението и почнала да го навредува и удира човекот кој седел до неа. Очевидецот истакна дека глетката била толку шокантна што сите присутни се свртеле.
– Ана, како и речиси секоја вечер, беше во трговскиот центар, каде посетуваше бутици и пробуваше гардера во кабините. На крајот седна во кафуле со маж. Таа цело време се однесуваше чудно, но тоа не изненади никој од присутните. На почетокот се чинеше дека се е во ред, но потоа во еден момент целосно го промени расположението и се налути на човекот кој седеше до неа – ја започнува приказната изворот кој бил налице место, пренесува Курир, кој продолжува:
– Откако жестоко го навреди, таа почна да го удира мажот со чантата и да го пцуе. Во тој момент сите се свртеле и останале запрепастени од оваа глетка. Набрзо Ана станала од масата и демонстративно го напуштила кафулето, упатувајќи се кон гаражата и својот автомобил. Многумина го снимија скандалот со своите телефони, па сигурно во одреден момент ќе се појави на мрежите.
За евиденција, ова не е првпат Ана Николиќ да биде вмешана во скандал. Пејачката кон крајот на минатата година беше во центарот на вниманието и поради физички напад, врз нејзиниот соработник. Скандалот избил пред неговото студио, каде Ана, откако заѕвонила на домофонот, се нафрлила врз него, предизвикувајќи хаос и го вознемирила соседството.
фото; printskrin/instgaram/ananikolicofficial