По долгогодишната работа во „Гранд“, водителката Сања Кужет започнува ново поглавје во кариерата, фокусирајќи се на теми кои лично ја интересираат.
Сања во текот на летото донесе одлука дека е време за промени. Познатата водителка тогаш се огласи и откри дека повеќе не е дел од „Гранд“, како и дека нема да биде секоја сабота на малите екрани.

„По повеќе од две децении во медиумите, за првпат имам можност да водам емисија која е целосно моја и да се занимавам со теми кои приватно со години ме интересираат – спорт, здравје и долговечност“, откри таа за медиумите, по што честитките под објавата само се нижеа.

Како што вели, за неа новата територија значи и нова енергија, а особено ѝ е драго што наскоро ќе работи нешто што навистина ја интересира.
„За мене ова е нова територија, нова енергија и, пред сè, можност она што со години лично ме интересира да го претворам во содржина која може да биде интересна и корисна за публиката“, порача таа и откри дека својот нов проект го започнува на „Арена Спорт“.
Prinstcreen/Instagram/sanja_kuzet






