Радио Милева По естетската операција

Само шест дена по операцијата:  Јована Јеремиќ во мини здолниште и високи потпетици

Само шест дена по операцијата:  Јована Јеремиќ во мини здолниште и високи потпетици

Водителката Јована Јеремиќ неодамна се подложи на операција за зголемување на градите, а нејзиното закрепнување, според објавите, се одвива добро.

Јована Јеремиќ многу внимава на својот изглед, па се облекувала и во болничката соба, а не изненадува што само шест дена по интервенцијата облече високи потпетици. Така, сега од својот стан сподели фотографии во смела и впечатлива комбинација. Сјајното златно мини-здолниште ги истакна нејзините нозе, додека краткиот топ го нагласи новото деколте. Изгледот го надополна со сандали со потпетици и впечатлив златен накит.

„Јас сум онаа лошата, нема да те чини. Тебе сè ти се простува, сакав скот“, напиша таа во описот, користејќи стихови од песна на Гоца Тржан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JOVANA JEREMIC (@jeremicjovana)

Во коментарите следбениците изразија изненадување што водителката веќе носи високи потпетици и е целосно стокмена.

Да потсетиме, Јована Јеремиќ по операцијата истакна дека ја има поддршката од својот свршеник Милош Стојановиќ Тигар.

foto: printscreen/instagram/jeremicjovana

To top