Никола Роквиќ на својот Инстаграм профил покажа низ каква трансформација помина во последните 2 години.
Најпрво за шест месеци успеал да ослабе околу 20 килограми, а му помогнала и хуманитарната прошетка од Белград до Егина.
Инаку, пејачот се посвети на здрав начин на живот, а освен на намалена исхрана, спортува и не пропушта тренинзи. Сега на својот Инстаграм профил сподели фотографија од себе сега и како изгледал пред две години.
Пејачот сега е многу мускулест, со издлабени стомачни мускули, а луѓето во коментарите се восхитуваа на неговата трансформација и го пофалија како изгледа сега.
Да потсетиме, тој оваа година пешачеше од Белград до грчкиот остров Егина, каде што се поклони на моштите на св. Нектерија, а целата акција имаше и хуманитарен карактер, бидејќи беа собрани десетици милиони динари за лекување на децата болни од рак.
фото: printscreen/instagram/nikolarokvic