Македонскиот продуцент, композитор и пејач Роберт Билбилов заедно со DJ Nikifor сними песна со наслов „A mami jo“, која е дел од нивниот заеднички албум „African Queen“ (Африканска кралица).
„Со Никифор напорно работиме на овој албум, а досега веќе официјално се пуштени три синглови, вклучувајќи го и новиот. Оваа песна носи свеж и енергичен звук, со уникатен спој на африкански ритми и модерна продукција, и е наменета да го привлече вниманието на љубителите на музиката насекаде“, вели Билбилов.
Претходниот заеднички сингл на Билбилов и DJ Nikifor е преработката песната „Викај ме Лена“ (Зови ме Лена) од српската пејачка Лена Ковачевиќ, а ја испеа Тамара Тодевска. Со оваа песна, Лена Ковачевиќ се натпреваруваше на српскиот избор за Евровизија оваа година.