Живот и стил

Рецепт за поинакви крофни од рерна

Рецепт за поинакви крофни од рерна

Состојки:

20 грама свеж квасец
3 лажици кристален шеќер
500 грама брашно за квасно тесто
⅓ лажичка сол
200 мл топло млеко
1 кесичка ванилин шеќер
100 грама растопен путер
1 жолчка
Мармалад или чоколаден крем, по желба
Шеќер во прав за наросување

Подготовка:

Во 100 мл топло млеко издробете го квасецот, додајте една лажичка шеќер и оставете го да надојде околу 10 минути. Во поголем сад ставете го брашното и направете вдлабнатина во средината. Додајте го надојдениот квасец, преостанатиот шеќер, ванилиниот шеќер, жолчката и солта. Постепено додавајте ги останатите 100 мл топло млеко и растопениот путер, а потоа замесете меко тесто. Најпрво месете со миксер со додатоци за тесто, а потоа продолжете со рачно месење додека тестото не стане мазно, еластично и не престане да се лепи. Покријте го тестото и оставете го да нарасне околу 1 час, односно додека не го удвои својот волумен. Надојденото тесто премесете го кратко, развлечете го и поделете го на 12 еднакви делови. Од секој дел оформете топче и наполнете го со мармалад или чоколаден крем, затворајќи го убаво од долната страна. Наредете ги крофните во плех обложен со хартија за печење и оставете ги повторно да нараснат околу 20–30 минути. Потоа премачкајте ги со жолчка и печете ги во претходно загреана рерна на 180 °C околу 15–20 минути, додека добијат златножолта боја. Оставете ги кратко да се изладат, а потоа наросете ги со шеќер во прав и послужете ги.

извор:курир.мк
фото:Magnific

To top