Синот на пејачката Драгана Мирковиќ и бизнисменот Тони Бијелиќ, Марко Бијелиќ, веќе некое време ужива во врска со убава русокоса.
До неодамна не се експонираше јавно, ниту имаше социјални мрежи, но тоа во последно време се промени, па Марко често ги „почестува“ своите следбеници со детали од приватниот живот.
Бијелиќ синоќа на вечера се фотографирал со својата девојка која му седнала во скут.
И двајцата го усогласиле стајлингот.Таа носеше краток црн фустан со шлиц на половината, додека тој класична црна кошула со кратки ракави.
Сѐ е во духот на новогодишните и божиќните празници, а Марко и неговата избраничка постојано се смешкале.
Многумина мислат дека фотографијата е направена во замокот на Драгана Мирковиќ, а самата пејачка синоќа објави слика на Инстаграм и покажа како го украсила домот.
Таа ја фотографирала луксузна елка која е богато украсена.
Декорациите се внимателно одбрани и сите се во ист тон, во црвена и бела боја. Елката е речиси до таванот, во аголот на дневната соба, а на самиот врв е украсена со црвена машна.