„Најубавата верзија од мене“, вака македонската актерка Емилија Мицевска ја доживуваше и опишуваше својата блажена состојба на која по девет месеци и дојде среќниот крај.
Емилија и нејзиниот сопруг Деан станаа горди родители на прво, па машко чедо.

Среќната мама на својот Инстаграм преку честитките кои пристигнуваа и беа објавени на нејзиниот профил, откри дека најпосле дошол големиот ден да го држи своето чедо во рацете и да ја доживее таа неопислива радост од остварувањето во најубавата улога за една жена.

Изминатиот труднички период веќе е зад неа, а новите моменти така интензивни и возбудливи веќе ја отпочнаа својата кулминација.
Месеците зад мама Еми беа овековечени и со доста фотографии кои ќе останат да сведочат за како што вели и самата, живеејќи ја најубавата верзија од себе.

За потсетување, актерката Емилија Мицевска појавувајќи се на полседното издание на „Глумците пеат“, предизвика негативни реакции од јавноста која се почувствува повикана онаму каде секој збор беше излишен, а по тема нејзиното голо трудничко стомаче на сцена.
Тогаш, актерката им порача на душегрижниците да се занимаваат повеќе со љубовта во себе.

Инаку, Емилија не криеше и дека претходно водеше бррба за потомство и тоа дека патот до мајчинството не бил едноставен, а откри и дека има доживеано неколку спонтани абортуси.
Сега нејзиното мало чудо го држи во рацете и се вика Давид!
Честитки!
фото:b @poison_grl/emilly_franceska and dean_stojkovski_films






