Радио Милева брендиран патриотизам

Пред големиот концерт во „Хераклеа“, македонскиот фолкер Влатко Миладиновски доби необичен подарок: Персонализирани патики за „естрадно-патриотски чекор“ на античката сцена!

Пред големиот концерт во „Хераклеа“, македонскиот фолкер Влатко Миладиновски доби необичен подарок: Персонализирани патики за „естрадно-патриотски чекор“ на античката сцена!

Во еден од највпечатливите културно-историски локалитети во земјата, античкиот театар „Хераклеа“ крај Битола, македонскиот фолк пејач Влатко Миладиноски  заедно со неговиот брат Златко и неговиот оркестар, закажаа голем солистички концерт на 29 јули.

Концертот најавен како повеќе од музички настан, како своевидна прослава на македонската традиција, култура и песна. Во амбиентот на Хераклеја, каде што историјата и уметноста се испреплетуваат, публиката ќе има можност да ги доживее најголемите хитови на Влатко Миладиноски во сосема ново, раскошно оркестарско издание.

 

И додека подгоровките наголемо траат, зашто спектаклот навистина треба да биде спектакл не само на ветувања и зборови, македонскиот фолкер доби дојава за необичен пакет подарок, по едно едно ветување кое ќе се претвори во остварување.

Имено, едно познато арт студио кое брендовите спортски обувки ги претвора во подвижна уметност, му вети и  пред концертот на Хераклеa на Влатко Миладиновски му  изработи рачно нацртани патики.

„Инспирирани од Македонија, македонската музика традиција и вера – со македонски вез, знамето од Кутлеш, државното знаме на Македонија, иконата на Архангел Гаврил , ликот на Гоце Делчев и стихот на Војо Стојановски: „Нема друга Македонија.“


Со верба дека и твоите дела се во чист македонски правец и со едно заедничко ветување дека ќе продолжиме со добри македонски дела!
Со љубов, RVR и Влатко Миладиноски“ – му напишаа на посветата изработувачите, па договорија средба со естрадниот уметник кому лично му го врачија необичниот подарок, спакуван во црна кутија во која „патриотските персонализирани патики“ на фолкерот беа завиткани во македонското знаме.

Персонализирани патики за „естрадно-патриотски чекор“ на античката сцена во „Хераклеа“!

Моментот на изненадувањето и примопредавањето беше овековечен со кус видеоклип, а како сето тоа изгледаше и што кажаа дарителот и примачот, проследете во продолжение.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by RVR Official (@rvr.brand)

Фото и видео: Инстаграм/vlatko_miladinoski

To top