Пејачката Емина Јаховиќ поседува луксузен стан во Истанбул, а го уредила по најнова мода, во бели тонови, и обратила внимание на секој детаљ.
Емина со години живее во Турција со своите синови, а по разводот од пејачот Мустафа Сандал, се пресели во луксузен стан на една од најубавите локации во Истанбул.

Нејзиниот дом е уреден во минималистичка естетика, со внимателно одбрани детали кои му даваат на просторот допир на елеганција. Погледот на Босфорот, кој одигра клучна улога во изборот на просторот за живеење, зазема посебно место.

– Погледот на Босфорот, кој е исклучително смирувачки за мене, беше клучен при изборот на дом. Го сакам минимализмот со допир на елеганција, мешавина од мермер и дрво, и комбинирање на старо и ново. Секогаш соработувам со архитект кој го следи мојот стил и она во што се чувствувам добро – нагласи Емина. Покрај луксузниот ентериер, пејачката посвети големо внимание на функционалноста на просторот. Станот има и приватна теретана, бидејќи редовно тренира и се грижи за здрав начин на живот.

Емина рече дека потребите на нејзините синови биле меѓу приоритетите при уредувањето. Затоа просторот е прилагоден на секојдневниот семеен живот и активностите на децата.
– Тие се момчиња и најважно за нив е сè да биде практично, па затоа не се мешаат многу во уредувањето. Единствениот проблем е нивното играње со топката, поради што постојано кршеле некои многу драги предмети што ги донесов од различни делови на светот и кои веќе не можам да ги најдам – рече пејачката.
Таа додаде дека ги учела своите синови од мали нозе да го почитуваат просторот во кој живеат, но дека со текот на времето самата станала поддржувач на поедноставен живот. – Почна да ме нервираат непотребните работи, па затоа подарував многу работи. Колку помалку, толку подобро – заклучи претходно Емина за домашните медиуми.
foto: printscreen/instagram/yaemina






