Мегафон тажна вест

Почина Зоран Маневски професор по виолина и естраден уметник од Битола

Почина Зоран Маневски професор по виолина и естраден уметник од Битола

На 63 годишна возраст почина Зоран Маневски професор по виолина во Државното музичко училиште во Битола. Маневски е по потекло од Велес, средно музичко училиште и музичка академија отсек виолина заврши во Скопје, најпрво се вработи во Македонската филхармонија, но најголем дел од својот работен век го помина во Битола, каде живееше со смејството. Како професор по виолина беше исклучително посветен на работата и како резултат на тоа зад себе остави плеада ученици – виолинисти, добар дел од нив познати музичари во државата, но и надвор од неа. Неговите ученици беа високо наградувани на државни и меѓународни натпревари по виолина. Тој во  Битола беше еден од омилените професори на учениците во Државното музичко училиште. Особено е важно за неговата музичка кариера што ќе остане забележано дека е еден од иницијаторите и основачите на Камерниот оркестар во Битола.

Неговата дарба за музика  го смести на листата на најдобрите естрадни уметници во Македонија. Кариерата како музичар ја започна во родниот Велес каде што настапуваше во групата „Негрос“. Во Битола беше член на „Мегдан“, а како солист настапуваше и со „Битолски Конзули“, многу пати учествуваше на фестивалите во Македонија – „Валандово“, „Цветници“, “Тетовски Филиграни“, „Интерфест  Битола“, „Серенада“ и др. Сите негови отпеани песни ќе останат во спомен  на неговиот YouTube канал Зоран Маневски.

Посмртните останки на професорот Маневски ќе бидат изложени денес, вторник (31 март)  во црквата „Свети Димитриј“ Битола од 10 до 12 часот.  Погребот ќе биде во 13 ч. во Светонеделските гробишта.

To top