Познатиот британски рок музичар Крис Риа почина на 74-годишна возраст.
Познатиот англиски музичар Крис Риa, најпознат по хитовите „Road to Hell“ и „Driving Home For Christmas“, почина вчера на 74-годишна возраст, потврди портпаролот на семејството на пејачот за Би-Би-Си.

– Риa почина по кратко боледување во болница, опкружен со своето семејство – прецизираше портпаролот, велејќи дека со голема тага ја објавува оваа вест.
Риа во текот на годините страдал од голем број здравствени проблеми. Во 2001 година му бил дијагностициран рак на панкреас и му бил отстранет панкреасот, а во 2016 година доживеал мозочен удар.
Роден во Мидлсбро, Риа се здоби со слава кон крајот на 70-тите и 80-тите со хитови како што се номинираната за Греми награда „Fool (If You Think It’s Over)“, како и хитовите „Let’s Dance“ и „The Road To Hell“.
Неговиот деби албум, „Whatever Happened To Benny Santini?“, беше издаден во 1978 година и именуван по сценското име што неговата издавачка куќа сакала да го користи.
Неговата позната песна „Driving Home For Christmas“, која се појавува во овогодинешната божикна реклама на M&S Food, прв пат беше издадена во 1986 година.
Foto: prnintscreen/instagram






