Прилепчанецот Ален Хасановиќ кој што со својот глас и шарм го освои Балканот, стави крај на двегодишниот брак со сопругата Аида која сега веќе има префикс екс.
Хасановиќ уште откако јавноста го запозна преку шоуто „Ѕвездите на Гранд“ од сезоната 2014/2015 година кога стигна до финале, преферираше да не ја меша приватноста со музичката кариера, односно неговото претставување пред публиката.
Ама, сакал или не, ваквите информации кога тогаш излегуваат на виделина, како и овој пат за разделбата со Аида за што иако не сакаше да коментира јавно, по многуте написи во српските медиуми дека се разведува, реши да се огласи, па со тоа да ги сопре негодувањата.
-Максимално ја избегнував оваа тема и сакав својот приватен живот да го држам далеку од јавноста. Но, новинарите се чудо и од нив не може да се побегне. Ми се јавија многу новинари за да дадам изјава во врска со мојот брак. Сакам само да потврдам. Да точно е! Јас и мојата сопруга веќе не сме заедно неколку месеци, секој тргна по својот пат и така сме двајцата среќни. Благодарам многу! – пишува пејачот како под акцент за примораност да го објави тоа.
За посетување, Ален и Аида се венчаа во септември 2022 година, а тогаш пејачот сакаше да ја покаже заедничката среќа, па и да напише дека е таа е „засекогаш негова“.
Ама тоа засекогаш веќе не постои, а не постојат ниту заедничките фотографии кои пејачот веќе ги избриша од социјалните мрежи, а со тоа и да го тргне минатото од пред очите на јавноста која очигледно сепак доста го засега за тоа што знае, знаела или допрва би можела да дознае.
фото:Instagram printscreen/alen_hasanovic