Анџелина Џоли се појави на овогодинешниот филмски фестивал во Венеција со своето ново момче.
Имено, Анџелина наводно пристигнала во италијанскиот град на вода во друштво на ново момче! Во средата попладне, актерката беше фотографирана како излегува од хотел во Венеција во друштво на британскиот рапер и политички активист Акала!
Извори блиски до Анџелина за „Ин тач“ изјавија дека таа се гледа со 40-годишниот маж нешто повеќе од една година, но нивната врска ја окарактеризираа како „лежерна“.
Акала, наводно, им се придружи на Џоли и нејзините ќерки Захара и Шајло минатиот мај на книжевниот фестивал Калабаш во Јамајка. Сведокот откри дека бил „жестоко заштитнички настроен кон сите тројца додека ги следел наоколу“. Двојката потоа повторно беше видена заедно шест месеци подоцна на заедничка вечера во Милано.
Инсајдерот додаде дека она што најмногу ја привлекува Анџелина е како Акала се однесува кон нејзините деца.
-Мислам дека во нејзината привлечност кон Акала, освен физичката, голема улога има и тоа што е добар во интеракција со нејзините деца, бидејќи тоа и е многу важно – рекол изворот.
– Тие споделуваат страст за патување и откривање различни култури. Помина долго време откако не почувствува ваква страст – беше наведено.
фото:instagram printscreen/Daily Mail Video facebook