Радио Милева со последни сили

По концертот славниот Лајонел Ричи заврши в болница

По концертот славниот Лајонел Ричи заврши в болница

Американскиот поп-пејач Лајонел Ричи (77) заврши в болница, кратко по концертот во Сент Луис во саботата. Според тамошните медиуми, тој бил сместен на интензивна нега.

Познатиот музичар е сред турнејата „Sing a Song All Night Long“ (Пеј песна цела ноќ), со групата „Ерт, вајнд енд фајр“, а неговиот следен настап е закажан за 26 септември во Сан Франциско. Неговиот гласноговорник сè уште не дал коментар за медиумите. Според порталот „Ти-ем-зи“ (TMZ), Ричи побарал да се донесе стол на сцената кон крајот на настапот во Сент Луис. Тој ја изведе последната песна од вечерта, „All Night Long“, седејќи.

Ова не е првиот здравствен проблем што Ричи го имаше за време на неговата сегашна турнеја ширум САД. И на концерт во Сент Пол, Минесота, на 24 јуни, тој мораше накратко да прекине со настапот откако се почувствува лошо.

-Кога ти се врти во главата, си седнуваш на зад**кот, рече тогаш тој.

Велејќи ѝ на публиката дека му се врти главата, тој се пошегува дека никогаш порано не ја извел песната „Dancing on the Ceiling“ седејќи, според „Минесота стар трибјун“ (Minnesota Star Tribune). (МИА)

фото:Instagram printscreen/lionelrichie

To top