Во интервју за францускиот „Vogue“, манекенката Џиџи Хадид (31) го опиша својот однос со актерот Бредли Купер (51) како мирен и стабилен, истакнувајќи важна разлика во споредба со нејзините претходни врски.
„Она што е прекрасно во мојата сегашна врска, а е целосно поинакво од сè што сум доживеала претходно, е можноста да бидеме длабоко искрени еден со друг. Да го кажеме она што го мислиме, кога го мислиме“, рекла Хадид.
Таа додала дека со Купер си помагаат еден на друг да останат „цврсто на земја“, и покрај барањата што ги носат нивните кариери.
„Не мора да ги разбираме сите предизвици со кои се соочуваме во работата на другиот, но важно е да имате некого кој ве поддржува и ви помага да останете приземјени“, рекла манекенката.
Џиџи и Бредли почнаа да се поврзуваат во 2023 година, но долго време ја чуваа врската во тајност. Дури во мај 2025 година Хадид првпат јавно ја потврди врската, кога објави фотографија на која се бакнуваат за време на прославата на нејзиниот 30. роденден.
Иако двајцата не потврдиле дека се венчале, неодамна започнаа шпекулации дека тајно стапиле во брак, откако биле забележани со исти златни прстени на левите раце.
И Џиџи и Купер имаат деца од претходни врски. Манекенката со поранешниот партнер Зејн Малик има ќерка Каи, додека Купер со Ирина Шајк има деветгодишна ќерка Леа Де Сеин, пишува „People“.
printscreen/instagram/gigihadid







