Доколку сакате да го подобрите вашиот интимен однос, обрнете внимание на овие работи.
Ова е списокот на најчестите грешки кои жените ги прават во кревет:
Лажен оргазам
Понекогаш мажите не се свесни дека се преправате, но најчесто се. Не е пријатно за мажот да знае дека неговите техники заслужуваат лажни пофалби. Покажете му на партнерот што ви се допаѓа во кревет со одредени звуци.
Слаба енергија во кревет
По напорниот ден, мажите би сакале да имаат некоја возбудлива акција во кревет. Тоа би можело да биде врв на нивниот ден. Но, ако се вратат дома за одбивање, секој ден, тоа може да биде разочарувачко. И жените се заморуваат во текот на денот, но секој пат да го одбивате мажот, поради недостаток на енергија, воопшто не е привлечно. Најдете начини да ја подигнете вашата енергија.
Интимни односи само во кревет
Кујната, бањата, шанкот…дозволете вашиот дом да биде платно за деструктивни односи. Ако ги имате само во собата, може многу брзо да стане досадно.
Зборувате за време на односот
За време на односот не треба да разговарате за сѐ. Најдобро би било работите да се сведат на минимум. Стенкање, „валкани муабети“ и правење работи од кои ќе му се превртат очите на вашиот маж. Но, не започнувајте небитни теми.
Не сте синхронизирани
За добра акција треба да бидете во ист ритам со партнерот. Ако работите ги правите на свој начин, тоа е себично. Кога сте во синхронизација со партнерот, односот ќе биде попријатен.
Извор: Попара