Радио Милева „без сопирачки и без рачна“

Пејачот Иван Јованов посакува втора ќерка, но еве дали навистина бебето е на пат… (видео)

Пејачот Иван Јованов посакува втора ќерка, но еве дали навистина бебето е на пат… (видео)

Пејачот Иван Јованов и фронтмен на групата „Либеро бенд“ имаше едно поинакво интервју пред камера, односно беше на совозачко седиште во „Без рачна“ во Ангела Апостоловска-Петрески.

Ангела го повози Иван низ скопските булевари, а тој „без сопирачки и без рачна“ сподели за се’ она приватно кое беше побарано да го обзнани.

Иван од старт ги разреши негодувањата дали наскоро ќе стане татко по вторпат, на што категорично потврди дека бебето засега не е на пат, но истото и тоа како го посакува, особено да биде повторно женско.

-Најмногу на светот сакав прво дете да имам девојче, а за името Ниа од старт знаевме дека ќе се вика така, значи идеја на мама. Јас искрено сакам да имам уште едно женско, а трето може машко, иако Ивана сака машко сега, кажа Иван кога отпочна темата за ќеркичката Ниа на која од крајот на месец март и го прославија вториот роденден.

Се додека не стана женет човек, Иван меѓу девојките важеше за еден од најпосакуваните, а епитетот без резерва знаеја да му го препишат имедиумите, на што денес тој се секава како едно големо искуство од кое извлекол лекција.

-Иван имаше неколку турбулентни години и не знаеше кај тера. Но со мојата работа и искуство, добро тоа го поднесовме и издржавме и затоа сега сме вака смирени и сталожени. Имаше година до две бура наполив од жени кај што можеше да бираш која да ти биде девојка, па стоеја и тие епиети најпосакуваниот ерген и слично, и не е лесно, тоа е многу тешко во принцип, особено поради притисокот од јавниот живот. Но, сепак се тоа е добра лекција за да знаеш до каде си, резимира тој.

Инаку, неодамна Иван Јованов како што сподели јавно, имаше здравствен проблем од кој по операцијата на грлото и успешно отстранет бениген тумор, закрепнува и е вратен на старо и со решена мака.

Целто интервју го гледате од видеото во продолжение:

фото:Instagram printscreen/jovanov_ivan

To top