Радио Милева баба и внука

Пејачката покажа на кого е толку талентирана: Што може Марија Луиса, може и баба и на деведесет и две… добро, не баш се’! (ВИДЕО)

Пејачката покажа на кого е толку талентирана: Што може Марија Луиса, може и баба и на деведесет и две… добро, не баш се’! (ВИДЕО)

Пејачката Марија Луиса Тодоровска е една од ретките на естрадата, која покрај се’ друго, знае да биде и баеги чешита… И тоа со шеги на своја сметка! Но некои работи кои сексапилната битолчанка умее да ги сподели на својот Инстаграм се жива вистина.

Така деновиве Марија со во последно време неразделната и другарка тркнааа до родната Битола. Чисто онака,  да ја посети фамилијата,  за да не заборави како изгледаат нејзините најблиски. А кога сме веќе кај нив, покрај мајка и и брат и марија има и жива баба, која е жива легенда. Феномен како и самата Марија, на која очигледно таа се и се метнала.

На дамите не им се бројат годините, на бабите пак ич, ама баба и’ на Марија има цели 92! И верувале или не, се’ уште работи физички работи! И тоа оние најтешките, во земјоделието, на нива! А Марија како Марија, родена чешита па не е жива ако не ја открие тајната.

А во тајната лежат деталите, особено кога сакате да се пофалите.  Во случајов на кого сте талентирани… за пеење!

Баба додека се одмара, помеѓу две земјоделски дејаниа, умее да си запее…  „Пилето ми пее рано насабајле, рано пред зори“- е песната со која баба и на Марија Луиса покажа на кого тоа внуката е толку талентирана и надарена… За пеење, се разбира!

Арно ама, ако баба ја научила Марија да пее уште во детството, има нешто што Марија ја научила баба да прави по стари години… А тоа е да позира за селфи на Инстаграм.

Онака како што тоа го прават денешните „шмизли“ – со напучени усни! До душа овие на баба се без филери, ама сеедно. Важно е позирањето да е совршено!

И тука Марија Луиса Тодоровска и нејзината баба како и во пееењето, максимално се согласуваат и совршено се компатибилни! Проблемот настанува можеби во една друга ситуација, каде нештата се многу посуптилни!

 

Имено, Марија Луиса во една прилика како чесна и отворена, не криеше дека не е лишена од „слатките еротски задоволства“ и покрај тоа што официјално е соло и слободна!

Ама слободна е и во покажувањето со кого тоа ги дели споменатите задоволства, кога веќе  не е во љубовна врска и е сама, па така јавноста го запозна нејзиниот „силиконски вршител на должноста – љубовник“, кого си го вика Тоше?!

 

Марија со Тоше совршено се согласува, со баба и – уште повеќе, ама проблемот настанува кога баба случајно ќе налета на Тоше, кого внуката после „блиската средба“  го заборавила на каучот и заминала во бањата.

 

Иако е веќе видено, уште еднаш погледнете го и потсетете се, како изгледа кога баба од Тоше се шокира, додека внуката се тушира!?

„Видеосимулација“ која веројатно не би била многу поразлична од реалната ситуација!

Фото и видео: Инстаграм/luisa.todorovska

 

 

 

 

To top