Радио Милева честитки за младите

Пејачката по вторпат невеста: Анета и Рубин официјално во брак

Пејачката по вторпат невеста: Анета и Рубин официјално во брак

Фолк-пејачката Анета Љумаковска се омажи за својот колега, музичарот Рубин Размо.

На своите профили на социјалните мрежи, пејачката објави заедничка фотографија од матично на која таа е облечена во бел елегантен комплет и со букет во рацете, а тој во бел костум.

Ова наедно беше потврда на нашата објава од почетокот на месец април кога блесна свршеничкиот прстен на раката на пејачката, а ние пишавме за истото.

„Заедно до крај“: Блесна свршенички прстен на раката на Анета Љумаковска?!

 

Ането и Рубин сега ставија параф и пред законот станаа сопружници, а во описот на објавата симболично ја избраа песната „Во добро и зло“ (У добру и злу) од Борис Новковиќ.

Анета и Рубин пред неколку месеци јавно проговорија дека се во љубов, а оттогаш, пејачката  често објавуваше моменти од секојдневието, нивните заеднички патуања, настапи и сл.

„Што се однесува до тоа дали сум повторно вљубена и дали имам некој во мојот живот, еве сега решив да се изјаснам и јавно да им ставам крај на шпекулациите – да, вљубена сум, но не повторно, туку за првпат во мојот живот“, изјави Анета за „Гламур магазин“.

Рубин е инаку поранешен член на групата „Молика“ и свири саксофон, а сега настапува со својата сакана. На Анета, ова ѝ е втор брак. Од првиот со музичарот Џими Мицевски ја има ќерката Моника.

Честитки!

фото:Instagram printscreen/anetaljumakovska2701

To top