Радио Милева животна промена

Некогаш пратеник, а денес ѕвезда од сајт за возрасни: За 20 илјади евра мора да ги исполни овие барања

Некогаш пратеник, а денес ѕвезда од сајт за возрасни: За 20 илјади евра мора да ги исполни овие барања

Невена Стаменковиќ, поранешна членка на групата „Моделс“ и поранешна пратеничка во Народното собрание, во интервју за „Информер“ отворено зборуваше за својата заработка на страницата за возрасни, но и за својот партнер, кого вешто го крие од јавноста.

Веста дека решила да отвори профил на споменатата платформа експлодираше како бомба, а сега таа открива колку многу ѝ се променил животот по тој потег.

– Мојот живот драстично се промени откако отворив профил на страница за возрасни. Еден период бев невработена, што ме доведе до депресија. Немав поддршка од пријателите, бев целосно оставена сама на себе, но успеав сама да се снајдам. Тој тежок период е зад мене – никој не беше тука за мене, ниту ми понуди помош. Денес, ситуацијата е сосема поинаква, заработувам одлични пари и навистина уживам во животот.

Дали се соочувате со критики од околината поради тоа?

– Не во голема мера. Понекогаш има негативни коментари, но тоа не влијае на мене. Кога најмногу ми требаше, никој не праша како сум или дали ми треба помош. Се водам од реченицата: „Дозволи твојата насмевка да го промени светот, а не светот твојата насмевка.“

Дали имаш партнер и како тој се справува со твојата работа?

– Имам дечко и сум среќна во љубовта. Слободно можам да кажам дека сум вљубена. Тој е покрај мене и ме поддржува во сè што правам. Зборуваме за политичар познат на јавноста, но не би сакала да го откријам неговиот идентитет. Се запознавме во собранието, кога бев пратеник.

Дали си задоволна од твојата заработка и колку заработуваш месечно?

– Многу сум задоволна. Се пронајдов во тоа и уживам во комуникацијата со различни луѓе. Во просек, заработувам околу 20.000 евра месечно.

Какви барања добиваш?

– Навистина различно. Имам голем број обожаватели со различни преференции. Би издвоила еден маж чиј фетиш е да се бара од него што е можно повеќе пари без да добие ништо за возврат (се смее). Колку повеќе барам, толку повеќе тој станува дарежлив.

фото:Instagram printscreen/stamenkovicnevena

To top