Промотер

Гитаристот и пејач Горан Тонев по опоравувањето од несреќата во Кочани се враќа на сцената со нова песна – „Да си со мене“ (ВИДЕО)

Гитаристот и пејач Горан Тонев по опоравувањето од несреќата во Кочани се враќа на сцената со нова песна – „Да си со мене“ (ВИДЕО)

Горан Тонев, гитаристот и пејач од Штип кој како член на придружниот бенд на дуото ДНК  ја преживеа несреќата ви клубот „Пулс“ во Кочани, по повеќе од една година од трагедијата и неговото опоравување од истата, одново е активен во музичките води. Тој деновиве се појави со нова песна и  потврди дека со истата која е насловена „Да си со мене“ се враќа на музичката сцена, а македонската публика во иднина ќе има прилика да го запознае како музичар исклучиво преку неговата авторска музика.

Неколку недели пред пожарот во Кочани, Горан Тонев ја снимил песната „Да си со мене“. Иако планирал да ја објави наскоро по снимањето, поради  својата рехабилитација, песната беше претставена пред македонската публика по повеќе од една година од нејзиното снимање. Со издавањето на новата песна, Тонев, гитаристот на некогашната група ДНК, до јавноста испрати порака, дека музиката е дел од неговиот живот, но и од неговото лекување.

Тонев вели дека преку своето досегашно искуство, за жал во последната година исполнето со болка и траума, ја разбрал смислата и тежината на животот. Во својата песна ја пренесува токму таа длабока и животна порака, која сепак е оптимистичка, порака дека животот е убав и дека тој треба да се живее со целосно присуство во секој миг.

„Со голема возбуда сакам да ви ја споделам мојата нова песна ‘Да си со мене’ која ја снимивме со Јордан Манов само неколку дена пред да се промени сè…
Песната остана необјавена — како дел од мене што не бев подготвен да го споделам. Благодарен сум на Бога што ја имам оваа прилика да продолжам понатаму. Денес, со посебна емоција, ја споделувам со вас и воедно го најавувам моето враќање на музичката сцена. Ви благодарам“ – споделил младиот музичар на својот Фејсбук профил најавувајќи го својот музички камбек.

Како звучи неговата „Да си со мене“ – проследете од лирик видеото во продолжение…

Фото: YouTube printscreen/Facebook-Goran Tonev

To top