Промотер

„Дупер“ и Јанг Дади во „музички клинч“: Љубовта кон една иста убавица ги натера да влезат во рингот, но дали не се – „Претера“ (ВИДЕО)

„Дупер“ и Јанг Дади во „музички клинч“: Љубовта кон една иста убавица ги натера да влезат во рингот, но дали не се – „Претера“ (ВИДЕО)

На домашната музичка сцена пристигна нова соработка што  побуди интерес и привлече внимание уште на прво слушање.

Дуото Дупер и Јанг Дади се фатија во музички клинч од кој се изроди новата песна „Претера“. Музичка тема која носи „измешани љубовни сигнали“, модерна продукција и препознатлива енергија.

„Претера“ е песна која зборува за чувства што стануваат гласни и тогаш кога зборовите се тивки.

Со впечатлив ритам, искрен текст и фајтерска атмосфера, оваа соработка покажува како различни музички сензибилитети можат да создадат едно комплетно и автентично музичко доживување.

Музиката и текстот ги потпишуваат Илчо Нечовски, Давид Даниловски, Борис Какуринов и Андреј Николов. Аранжмански песната ја дотерале Борис Какуринов и Андреј Николов.

Со „Претера“, Дупер и Јанг дади и вдахнуваат дополнителна свежина на домашната поп сцена на имиња од поновата генерација, со уште еднаш потврдуваат дека „новите дечки“ меѓу македонските автори и изведувачи и тоа како знаат да ја погодат публиката и нејзиниот вкус.

Особено онаа помладата која и им е најблиска. Песната веќе си ја потпевнуваат фановите, ја вртат и радиостаниците, па според првите реакции, по „Лидија“, и „Може, може, може“ и  „Претера“ има доволно потенцијал да стане една од најслушаните домашни нумери ова лето.

Како звучи и изгледа кога Јанг Дади и Илчо се во клинч рингот,  Борис е судијата, а Инес (Поповиќ) „не се дава“, иако првите двајца „даваат се од себе“ да ја освојат, проследете од „боксерското“ видео во продолжение, кое го режирал Трифун Ситниковски…

Можеби ќе ви се допадне

To top