Пејачката Анѓела Игњатовиќ, попозната како Бресквица, се врати во Белград од патување, а на аеродромот пристигна во придружба на нејзината мајка Ивана, која ретко се појавува во јавност. Двете привлекоа внимание со нивните усогласени комбинации, но и со нивната голема сличност што многумина не можеа да не ја забележат.
Анџела и нејзината мајка пристигнаа на аеродромот насмеани, исончани и расположени по одморот. За враќањето, тие избраа речиси идентични модни комбинации – бели кошули и бели панталони, па оставија впечаток на целосно координирано модно дуо.
View this post on Instagram
Бидејќи родителите на популарната пејачка ретко се појавуваат во јавност, за многумина оваа средба беше можност да ја видат нејзината мајка, а бројни коментари беа дека Бресквица ја наследила убавината од неа.
Покрај тоа, вниманието го привлече еден моден детаљ што го носеше нејзината мајка – луксузна чанта од познатиот светски бренд – „Michael Kors “.
Иако избегнуваат јавни појавувања, родителите на Анџела се нејзина најголема поддршка со години и редовно ја придружуваат во најважните моменти од нејзината кариера.

Па така, тие беа со неа на првиот голем концерт што го одржа во Белград, а ја поддржаа и на промоцијата на нејзиниот втор албум во главниот град.
фото:Instagram printscreen/brrrreskvica
извор:srbija danas







