ТВ водителката Снеже Велков тргна во извршување на личните одговорности, оние кон себе кои во пракса никогаш не треба да бидат одложени или заборавени, а во прашање е здравјето.
Имено, Снеже во својата дневна агенда имаше да одиде до лабораторија каде трбаше да и биде направена крвна анализа по кој најважно и беше да го види резултатот за железото, откако од претходните проверки имала незадоволителен, односно слаб резулат на кој била неопходна поправка.

По неколку часа резултатите пристигнаа и тоа задоволителни, железото од 4-ка рипнало на 8-ца, а Снеже пресреќна дека суплементите и храната си ја завршиле својата работа, а таа веќе и ја почувствувала разликата во општата здравствена состојба во поглед на енергијата која ја има.
Арно ама, оној внатрешниот балас на диференцијална крвна слика супер, но не и оној визуелниот од боцкањето во вена.
Модрината низ целата рака како да ја шашардиса откако не го применила советот на тетката лаборант да ја притисне раката по боцкањето, па она што го објави на „стори“ боли и само од гледање.

-И кога тетката што те боцка ќе ти рече „стискај некоја минута да не ти се направи подлив“, да стискате. Не бидете Снеже, сега со модрица ќе шетам, стои во описот од објавата.
Важно е дека главната цел беше задоволена од резулатите кои беа суштински, а оние надворешните и визуелно видливи се „ум за другпат“ дека треба да се слуша, иако веќе мислиме сме сигурни во нештата, за што искуствата очигледно не секогаш се исти.
фото:Instagram printscreen/velkovsneze/Chat GPT




