Радио Милева наследникот и неговата мајка

Осамна фотографија од синот и првата сопруга на Жика Јакшиќ кои ретко се експонираат јавно

Осамна фотографија од синот и првата сопруга на Жика Јакшиќ кои ретко се експонираат јавно

Иако на домашната јавност добро ѝ е познат вториот брак на Жика Јакшиќ со две децении помладата водителка Дајана Пауновиќ, со која го доби синот, Жика пред неа беше цела деценија во брак со сопругата Снежана.

Снежана му го роди синот Андрија, кој живееше со мајка си во Америка. Она што на многумина им го привлече вниманието е дека првата сопруга визуелно е чиста спротивност на Дајана.

Имено, на фотографијата која нивниот син Андрија ја сподели во една прилика, може да се види дека Снежана има црна коса и целосно поинаков стил. Кога станува збор за односите по разводот, Жика може да им послужи како пример на многумина.

Тој отворено истакнува дека со поранешните сопруги има одличен и пријателски однос, а како главна причина ги наведува нивните синови.

Јакшиќ нагласува дека ги задржале добрите односи бидејќи се зрели и рационални луѓе, и дека никој никого нема толку повредено за тоа да не може да се надмине поради заедничката цел — децата да не трпат.

– Сметам дека сопружниците по разводот треба да останат во контакт и меѓусебно почитување заради децата и заради самите себе. Носењето горчина во себе може да биде пат до опака болест – искрен беше водителот.Тој додаде дека со двете сопруги останал пријател и дека се тука да си помогнат еден на друг во секој момент.

Инаку, Жика Јакшиќ долго се опоравуваше од последиците на мозочен удар, а неодамна беше повторно опериран. Тој неодамна со хируршка интервенција го реши долгогодишниот проблем со видот и повеќе не носи очила. По мозочниот удар успешно се опорави, но призна дека понекогаш му се јавуваат потешкотии во говорот.

фото:Instagram printscreen/ Nikad nije kasno

To top