Радио Милева коментари во низа

Операција или нешто друго? Светски познатиот пејач ги шокираше сите со изгледот на лицето

Операција или нешто друго? Светски познатиот пејач ги шокираше сите со изгледот на лицето

Фронтменот на популармната поп- рок група „Maroon 5“, Адам Левин, привлече големо внимание кога се појави на црвениот килим на настан во Санта Моника заедно со сопругата Бехати Принсло.

Фотографиите од двојката се проширија на социјалните мрежи, а обожавателите масовно коментираа дека Левин изгледа поинаку од порано.

Многумина забележаа дека 47-годишниот пејач сега има чисто избричено лице, без неговата препознатлива брада, што прави да изгледа доста поинаку.

На социјалните мрежи се појавија бројни коментари, од шеги до збунетост. Се појавија тврдења дека можеби имал козметички процедури, како што се ботокс или затегнување на лицето, бидејќи неговото лице изгледа значително поцврсто од порано.

Левин не ги коментираше гласините.

фото:Instagram printscreen/adamlevine

To top