Промотер

„Небесен свод “ нова песна на групата „Водолија“ (видео)

„Небесен свод “ нова песна на групата „Водолија“ (видео)

Музичката група „Водолија“ има нова песна насловена како „ Небесен свод “.

Музиката и аранжманот се на фронтменот на групата Ристо Апостолов, а воедно и продуцент на истата.

За ликовно графичкото уредување се погрижи ликовната уметница Натали Николовска.

Групата „Водолија“ ја сочинуват Ристо Апостолов и Данило Војводиќ на бас.

Инаку групата „Водолија“ постои веќе 30 години, а првиот официјален настап го има на „Поп-рок фест“ во 1991 година, кога го снима и првиот сингл во студиото „М2“ на МРТ. Досега имаат издадено три албуми: „Љубов или страсти“ (1996), „Хазард“ (1997) и „Сѐ што е свето“ (2009/2010). Првите два носачи на звук се снимени во студиото на Владимир Петровски-Картер од „Бадмингтонс“, а третиот албум е снимен во студиото на лидерот на групата „Водолија“, Ристо Апостолов.

Континуирано издаваат нови песни, меѓу кои се и: „Како од бајки“, „Сѐ што ми треба“, „Љубовна песна“, „Само еден“…

Во продолжение на Јутјуб каналот, слушнете ја „Небесен свод “ на „Водолија“ и уживајте во новата песна:

Фото: printskin/YouTube

To top