Кремаст, вкусен и едноставен намаз од леблебија, тахини, лимон и маслиново масло. Хумусот е одличен како намаз, прилог или здраво мезе, а со малку домашни додатоци може да стане уште повкусен.
Состојки:
300 г леблебија (наут)
2 чешниња лук
2 лажички тахини (сусамова паста)
сок од ½ лимон
2–3 лажици маслиново масло
морска или хималајска сол
малку вода во која се варела леблебијата
Подготовка: Леблебијата потопете ја во вода и оставете ја да отстои преку ноќ. Следниот ден исцедете ја, налејте свежа вода и варете ја околу 1 час, или додека целосно не омекне. Во блендер или сечко ставете ја сварената леблебија, лукот, тахинот, сокот од лимон, маслиновото масло и малку сол. Додавајте постепено од водата во која се варела леблебијата и блендирајте додека не добиете мазна и кремаста смеса. По потреба додадете уште малку вода, маслиново масло или сол.
Хумусот послужете го како намаз со свеж леб или печени лепчиња, како прилог со зеленчук или како дел од мезе. За дополнителен вкус, одозгора може да го прелиете со малку маслиново масло и да посипете со леблебија и оригано.
фото:Magnific







