Светското првенство во фудбал повторно ја има својата најголема навивачка ѕвезда. Атрактивната Хрватка Ивана Кнол уште еднаш го привлече вниманието на јавноста и стана една од најфотографираните личности пред натпреварот меѓу Хрватска и Англија на стадионот „AT&T“ во Тексас.
Популарната „Knoll Doll“ се појави во впечатлива комбинација инспирирана од препознатливите хрватски црвено-бели коцки, оставајќи силен впечаток кај навивачите и фоторепортерите.
#FIFAWorldCup | La inconfundible belleza croata presente en Arlington. 😌
📸 Santos Galo / DTUSA#MundialDTUSA #ENGCRO pic.twitter.com/y2avH3LWGo
— Deporte Total USA (@deportetotalusa) June 17, 2026
Повторно во центарот на вниманието
Ивана уште еднаш потсети зошто многумина ја сметаат за најпознатата навивачка на Светските првенства. Пред почетокот на натпреварот објави фотографии на социјалните мрежи во впечатлив стајлинг со хрватски мотиви, а реакциите од нејзините следбеници пристигнаа речиси веднаш.
View this post on Instagram
На улиците на Далас и на трибините на стадионот каде што се собраа илјадници навивачи, Кнол беше постојано опкружена со камери и фотоапарати.
„Ако бев на местото на англиските фудбалери, сигурно ќе ми паднеше концентрацијата“, се пошегува еден од нејзините следбеници на социјалните мрежи.
Од диџеј пултот до мундијалските трибини
Но, вниманието околу Ивана не започна во Тексас. Само неколку дена претходно, 33-годишната инфлуенсерка и модел настапи како диџеј на официјалниот „FIFA Fan Festival“ во Лос Анџелес, што претставуваше едно од најзначајните искуства во нејзината кариера.
Облечена во хрватски бикини-топ, таа ја загреваше атмосферата пред почетокот на натпреварите и уште еднаш покажа дека нејзината популарност одамна ги надмина границите на фудбалските трибини.
Нејзината армија од речиси три милиони следбеници на Инстаграм ја опсипа со комплименти, нарекувајќи ја „божица“, „кралица“ и „Wonder Woman“.
Од Катар до Америка
Ивана Кнол стекна светска популарност за време на Светското првенство во Катар во 2022 година, кога со своите појавувања стана една од најкоментираните личности на турнирот.

Сега, четири години подоцна, таа повторно е дел од мундијалската атмосфера и веќе најавува дека ќе биде една од главните атракции и на Светското првенство 2026.
Иако Хрватска беше поразена од Англија со 4:2 на отворањето на турнирот, Ивана Кнол уште еднаш успеа да победи во битката за вниманието на трибините.






