Живот и стил

Најчестите грешки во обидите да се изгуби тежина

Најчестите грешки во обидите да се изгуби тежина

ените, кои се борат со губењето маснотии и тежина, често ги прават следниве грешки коишто, всушност, ве спречуваат да ја губите несаканата тежина.

Внесувате премногу калории

Тоа, вообичаено, е поради напитоците, меѓу другото. Вашето утринско „Лате“, енергетските пијалаци, алкохол, па дури и „здравите“ сокови и комбинации се на овој список. Повеќето од нив содржат многу шеќер и дополнителни калории. Исто така, понекогаш самото џвакање и варење цврста храна согорува повеќе калории отколку пиењето, објави порталот „Кликс“.

Не внесувате доволно протеини

Недостигот на протеини е уште една голема грешка. Пред сè, протеините обезбедуваат чувство на ситост, па и при оброците, а нивното варење согорува калории. Тоа го стабилизира човековиот метаболизам и води до севкупно намалено потрошување калории.

Несправување со стресот

Постојаниот стрес го тера телото да го произведува хормонот кортизол. Оваа супстанција го зголемува складирањето на телесните масти доколку тоа не се исконтролира.

Недостаток на сон и одмор

Тоа може да го спречи согорувањето маснотии. Недоволниот одмор го зголемува нивото кортизол и предизвикува намалување на чувствителноста на инсулин. Ова значи дека Вашето тело и во овој случај е посклоно да складира маснотии и да не го добие потребното обновување за согорување на мастите.

Недоволно пиење вода

Недостатокот на вода може да го спречи согорувањето на мастите. На телото му треба вода за сите негови метаболички процеси и функции. Недоволно вода го забавува метаболизмот, ја попречува неговата способност да се ослободи од отпадот и го зголемува чувството на глад, кога, всушност, телото е жедно.

извор:kurir.mk
фото:Freepik

To top