Мегафон испишаа музичка историја

На Music Week фестивал: Чола и Брена за прв пат заедно на сцена пееја во дует (ВИДЕО)

На Music Week фестивал: Чола и Брена за прв пат заедно на сцена пееја во дует (ВИДЕО)

Здравко Чолиќ  вчеравечер, сабота 15 март 2024, одржа спектакуларнен концерт во рамките на Копаоник Music Week фестивал, со што и официјално беше затворена музичката сезона на најпопуларниот и најпознат ски центар во регионот.


Веќе со првите тонови на „Мјеркам те мјеркам“ на сцената во салата на хотелот “Гранд“ со која Чола го товори концертот атмосферата експлодираше и беше јасно дека ова ќе биде една од најдобрите забави досега. Додека Чола со невидена леснотија како во најдобрите денови пееше речиси три часа, покажа  енергија на која би позавиделе дури и момчиња во раните дваесетти години.

Следуваа хитовите „Чија је оно звијезда“, „Сто дуката“, „Ничег није било измеѓу нас“, „Продужи даље“, „Чаје шукарије“, „Главо луда“, „Мало појачај радио“, „Кристина“, „Ти си ми у крви“ и други, а вистински делириум се случи кога на омилениот пејач на овие просторина сценатамусе придружи никој друг туку Лепа Брена!

Сношти тие двајцата во дует,  на општо изненадување на сите присутни,  заедно го испеаја големиот хит „Пусти пусти моду“ и испишаа нови страници од музичката историја на регионот. Чола и Брена после цела вечност за прв пат заедно во кариерата на иста сцена во дует за музичка ерупција и стоечки овации на двете најголеми музички ѕвезди на сите времиња на овие простори.
„Ми се исполни животната желба“ – видно емотивна беше Брена, која публиката ја поздрави со громогласен аплауз и овации.

По нивниот настап се бараша уште, па на инсистирање на публиката Чола се врати на бис и отпееа уште неколку од своите безвременски хитови, затворајќи го тричасовниот концерт на кој „пари вредеше“ да се присуствува!

Фото: Инстаграм/musicweekfestival

To top