Мегафон концерти

На 27-ми септември 2024 година во „Македонската филхармонија“: Легендарните „Дивље Јагоде“ со електрично-акустичен концерт во Скопје

На 27-ми септември 2024 година во „Македонската филхармонија“: Легендарните „Дивље Јагоде“ со електрично-акустичен  концерт во Скопје

Легендарната рок група „Дивље Јагоде“, доаѓа  на концерт во Скопје. Концертот е закажан за 27-ми септември 2024 година во „Македонската филхармонија“, со почеток во 21.00 часот. Едни од предводниците на рок ен ролот најавуваат незаборавен концертен настан за сладокусците на рок музиката, но и за сите останати почитувачи на добрата  свирка. Зеле и екипата ќе ги отсвират и испеат нивните најголеми хитови од почетоците на бендот, па се’ до оние од неодамна излезениот, најнов, 13-ти по ред студиски  албум „Прати моје старе трагове“.

Публиката на единствениот концерт кој нема да има реприза ќе има можност да ужива и заедно да ги пее познатите песни како: „Дивље јагоде“, „Стаклени хотел“, „Мотори“, „Чаробњаци“, „Ватра“, „Шејла“, „Коњи“, „Марија“… но и безвременските балади како: „Једина моја“, „Криво је море“, „Паткица“, „Бит ќе боље“… Целото концертно шоу е замислено како елегантен спој на рок ен рол свирка и акустичен „анплагд“ блок, кои бендот ќе ги фузира во еден единствен целовечерен концепт. Богатство од моќни и енергични рифови, нежни и певливи мелодии и квалитетни стихови… Енергија и емоции за сите сетила!

Организатор на овој единствен концертен настан е продукцијата „Сцена“, која најувава и дружење на членовите на „Дивље јагоде“ со претставниците на медиумите на денот на концертот, на 27-ми септември во 11.00 часот во градската кафеана „Пелистер“, лоцирана на самиот плоштад „Македонија“ во Скопје.

Билети кои се веќе во продажба можат да се  набават во мрежата на МкТикетс и на линкот: https://mktickets.mk/event/koncert-na-divlje-jagode-vo-skopje/ .

Не пропуштајте ја можноста да уживате во хитовите на една од најголемите рок групи во регионот, на електрично – акустичниот концерт на единствените „Дивље јагоде“, на 27-ми септември 2024 година во „Македонската филхармонија“ – Скопје.

To top