Мегафон на 17 јули фолк спектакл

Музичкото шоу „Имат – немат“ слави 5 години: Музика, забава и смеа во живо со „Староградска вечер“ во срцето на Охрид

Музичкото шоу „Имат – немат“ слави 5 години: Музика, забава и смеа во живо со „Староградска вечер“ во срцето на Охрид

Популарното музичко ТВ шоу кај нас, „ИмаТ немат“, ова лето слави пет години постоење, и тоа со гала концерт што ветува незаборавна вечер за сите генерации!

Овој четврток, 17 јули, пред платото на хотел Палас – на самото охридско шеталиште, со почеток во 21 часот ќе се случи голем јубилеен настан, кој ќе ги собере најдобрите гласови, најубавите емоции и највеселата публика!

Темата на вечерта е: Староградска вечер – со познати и незаборавни песни кои не враќаат во најубавите времиња. Подгответе се за музички времеплов исполнет со душа и традиција.

Ќе настапат над 20 врвни изведувачи:

  • Елена Велевска
  • Елена Андоновска
  • Благојче Стојановски – Туше
  • Група Чардак
  • Василија Петрова
  • Сања Здерал
  • Дани Даниела
  • Гоце Петрески
  • Група Оскар
  • Ташко Каранфиловски
  • Марјан Коцев
  • Татјана Стефановска
  • Гости од Германија, Австралија и други држави

И многу, многу други изненадувања!

За хуморот и добрата енергија ќе се погрижи Жанко З’Ш, кој ветува смеа до солзи и незаборавни моменти!

Местото е магично – охридското пристаниште, каде вечерната атмосфера и музиката создаваат совршен спој.

Влезот е бесплатен! Понесете добро расположение, повикајте ги семејството и пријателите и бидете дел од оваа голема музичка приказна!

Организатор и покровител е Општина Охрид, а манифестацијата е продуцирана од IN Продукција.

To top