Во последните неколку недели американската јавност зборува за „проклетството да се омажи Џенифер Лопез“, актерка и пејачка чиј секој брак завршува со развод.
Досега се мажела четири пати, а се чини дека во прашање е и бракот со Бен Афлек.
Бен неодамна се исели од семејната куќа од 30 милиони долари и изнајми стан, во една прилика беше фотографиран без бурма, а Џенифер Лопез се појави сама на премиерата на новиот филм „Атлас“.
По проекцијата, филмската екипа одговараше на прашања на новинарите, а еден од нив, според многумина, реши да ја „скрати приказната“ и едноставно праша:
„Можете ли да ја коментирате ситуацијата со вашиот сопруг Бен Афлек“.
Американските медиуми објавија дека по ова прашање во салата владеела тишина, а додека сите чекале Џеј Ло да „пукне“ во новинарката, таа се насмевнала и рекла: „Можеш подобро од ова“.
На прес-конференцијата и пришол на помош нејзиниот колега од филмот „Симу Лиу“ кој и се обратил на новинарката со зборовите
„Ајде човече, не доаѓајте овде со вакви прашања“.
Погледнете го клипот:
“Eres mejor que eso”, así contestó @JLo cuando un anexado del medio @ChismeNoLike le preguntó sobre #BenAffleck 🫤 me pareció patético y la respuesta de ella MUY BIEN 👏🏻👏🏻 pic.twitter.com/otqawZJ45v
— Violeta Moreno (@VioletMoreno) May 22, 2024
фото: printskrin/instagram/bennifer1.0/X