Радио Милева прв вистински ексклузивен одмор

Момчето на Јована Јеремиќ го покажa своето тело – „Тигар“ ја однесе  водителката на луксузна дестинација

Момчето на Јована Јеремиќ го покажa своето тело – „Тигар“ ја однесе  водителката на луксузна дестинација

Водителка Јована Јеремиќ ја напушти Србија и замина на егзотично патување со својот партнер, боксерот и бизнисмен Милош Стојановиќ – Тигар. Парот ужива на луксузна дестинација која водителката засега ја чува во тајност, а Милош веднаш ги загреа социјалните мрежи со фотки од плажата , покажувајќи го своето тело.

Јована не крие колку е заљубена, па сподели заедничка фотографија на која разменуваат нежности на плажата, на која таа носи атрактивно бикини и скапоцен златен часовник.

„Вечна љубов со мојот тигар. Му благодарам на Бога за сè“, напиша водителката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JOVANA JEREMIC (@jeremicjovana)

Јована призна дека ова ѝ е прв вистински луксузен одмор во животот и дека решила да ги смени приоритетите по смртта на нејзиниот татко.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JOVANA JEREMIC (@jeremicjovana)

„Бев комплетен роб на кариерата до 35-тата година. Тоа го сфатив дури кога го погребав татко ми и си реков дека веќе нема да го правам тоа. Годинава за првпат во животот пишав одмор, дури и му се јавив на уредникот за да го прашам како воопшто се пишува барање за одмор, бидејќи никогаш претходно го немав направено тоа“, искрена е Јована, додавајќи дека Милош ја чува како „капка вода на дланка“ и дека покрај него стекнала неуништива самодоверба.

Foto: printscreen/instagram/ginis_tigar/jeremicjovana

To top