Радио Милева неразделни

„Мојот совршен партнер“: Нивес Целзиус откри кој ѝ прави друштво во креветот

„Мојот совршен партнер“: Нивес Целзиус откри кој ѝ прави друштво во креветот

Нивес Целзијус откри дека е болна веќе неколку дена и дека нејзината мачка е со неа уште од самиот почеток. „Мојот совршен партнер… Болна сум веќе 3 дена, а тој не ме напуштил веќе 3 дена!“ напиша таа покрај видеото на кое лежат заедно во кревет.

Нејзината објава ги воодушеви сите кои ја следат на социјалните мрежи . Патем, Нивес неодамна го прослави големиот ден на својата ќерка. 19-годишната Таиша Дрпиќ имаше матурска забава, а покрај нејзината мајка, да ја поддржат дојдоа и нејзиниот татко Дино Дрпиќ и неговата партнерка Инес Катарина Суша, со која е во врска околу 10 години.

Во оваа пригода, Таиша објави фотографии од сите како позираат заедно, и напиша емотивен текст за нејзиното модерно семејство.

„Како дете, цртав совршено семејство. Тато, мама, Леоне и јас. Мама и јас имавме прекрасни фустани и коса како Златокоса, малку како од бајка. Сите се држевме за раце, смешкајќи се од уво до уво, под зраците на подеднакво насмеаното сонце. Секогаш кога зборувавме за совршеното семејство, во главата ми се појавуваа цртежи од деца и нивните семејства, сè уште несвесни за реалниот живот, кои гледаат само радост, љубов и сигурност во семејството. Тие не ја гледаат тагата што нивните родители можеби тивко ја носат, проблемите што ги мачат, прекорите, љубомората“, ја започна таа објавата.

„Денес, кога ја гледам оваа слика од семејството, знам дека не е како цртеж. Не е совршена. Ми недостига Леоне, кој сега е во тие фраерски години и му е детски на него да дојде на матурата на неговата сестра. Но, од друга страна, е исто толку бајковито. Мама, тато, неговата девојка Инес и јас во заедница за која другите можат само да сонуваат. Во заедница во која маќеата ja нема таа неблагодарна улога од бајка затоа што е нежна и грижлива. Во заедница во која сите се почитуваат, сакаат, се дружат и си помагаат едни на други“, додаде таа.

Foto: printscreen/Instagram/nivescelsius

To top