Мегафон мозочен удар...?

Мирко Попов хоспитализиран на скопските клиники: Неофицијално докторите се борат за неговиот живот по обилното мозочно крварење

Мирко Попов хоспитализиран на скопските клиники: Неофицијално докторите се борат за неговиот живот по обилното мозочно крварење

Според информациите на повеќе македонски медиуми, познатиот македонски музичар, извршен продуцент  и основоположник на PMG колектив, Мирко Попов,  завршил на една од скопските клиники. Како што се дознава, наводно тој доживеал тежок облик на мозочен удар.

Тој во тешка здравствена состојба, вчеравечер, вторник, 19 март 2024 е примен во болница и е ставен на машина за дишење, а медицинскиот персонал се бори за неговиот живот. Неофицијално, причината за хоспитализацијата е обилно мозочно крварење.

Инаку, Мирко Попов е роден на 15-ти октомври 1972 година во Скопје и е еден од најпознатите македонски автори и продуценти на електронска музика.

Од 2008-та до 2010-та година бил и главен и одговорен урeдник на Канал 103. Во 1993 година ја формира Прогресивната Мултимедијална Група (ПМГ Колектив) која е организатор на мноштво алтернативни манифестации и фестивалии и издавач на повеќе музички изданија.

Попов беше и еден од предводниците и први перјаници на т.н. „Шарена револуција“ која насилно го уриваше системот нарекувајќи го „режим“ во времето на владеење на Никола Груевски, помагајќи му на Зоран Заев и СДС да дојдат на власт.

Фото:  Архива/Youtube/Reprter/Инстаграм/pmgrecordingsskopje

 

To top