Безвременската „Време за палчење“ доби емотивна и ултра сензтивна изведба и аранжманска верзија која Тамара Тодевска и Роберт Билбилов ја преработија пред концертот за Кочани закажан за претстојниот 8-ми Мај во МКЦ.
Музичка најава соодветна во време кога не секоја музика, а и не секоја песна е вистинската за вака тешки и тажни времиња по загубата на многу млади животи на трагичниот 16. Март.
View this post on Instagram
Концертот е исклучително храбар и хуман потег да се помогне преку она што еден музичар наедно и го прави примарно во својот живот.
Тамара заедно со својот бенд за наколку дена нема да прави забава, туку ќе изведе аранжмански поинакви верзии на своите песни, адаптирани и внимателно селектирани за ваков хуманитарен концерт. Целта една, собраните средства од продажба на картите да се предадат на здружението „Супорт Кочани“, кои ќе ги пренасочат онаму каде се најпотребни.
За жал, редовно има од оние кои ги „истураат“ негативните коментари за се’ и сешто, па дури и кога воопшто не е место, дури и онаму кога е подадена рака за помош.
Инфлуенсерката и пријателка на Тамара, Миа Костова е гласна за многу теми, па и за оваа. Миа акцентираше за она каква е Тамара, која можеби не секогаш има намера да врати вербално за се’, затоа Миа „разврза јазик“ и прати јасна порака.
-За ралика од мене, ретко е гласна кога ја напаѓаат. Ама и тогаш, знае да врати. Со тоа што најдобро го знае. Ете вака…Концертот за Кочани ќе биде со аранжмани соодветни за причината за која што сме таму – подвлекува Миа.
Миа уште еднаш покажа дека е добрата и верна пријателка, секогаш силна поддршка за се’!
фото:Instagram printscreen/miandrija/tamaratodevska




