Најбараната македонска клубско-кафеанска пејачка, која се стекна со епитетот „кралица на бакшишот“ го сними нејзиното првенче поткрепено со видеоспот кој деновиве се појави. Марија Луиса Тодоровска конечно ја објави својата прва авторска песна „Печат во срцето“. Оваа провокативна битолчанка до сега беше позната исклучиво по своите изведби на туѓите песни, домашни и регионални, а отсега Марија Луиса има и своја. Една, ама вредна и да се недеваме прва – ама не и последна!
Нејзиното првенче би требало да и го „завери“ и почетокот на една нова кариера… Сопствена, своја, многу повеќе медиумски експонирана, понаку доживеана и примена кај нејзината веќе постоечка, но и во срцата на новоосвоената публика.
Или како што самата пејачка порача уште во најавата: „Некои работи се многу едноставни, кои ни го допираат срцето. Затоа што срцето има причини, кои логиката ги игнорира“!
Автор на музиката на песната е Борче Бока Димитров, теккстот е на Орце Зафировски, додека аранжманот и продукцијата ги потпишува Роберт Билбилов. Песната е современ микс измешан со фолк и поп елементи, во кои помалку провејуваат и нотите на ориентот, со хитовски рефрен кој влегува во уво… Сосема доволно за првенчето да и ги отвори вратите кој следниот левел.
Видеото изработено од „Индустриал медиа“ зад кои стои проверениот мајстор Драган Ристовски – Дац, иако нискобуџетно, сосема солидно и доволно провокативно. Како и не би, кога Марија Луиса Тодоровска е мајстор на заведувањето, а уметноста на провокацијата и е второ име на пејачката. Доволно разголена, па дури и сосема гола, а дискрецијата сепак задржана, за да не биде вулгарна! Доволно за да ги заскокотка сите сетила, разбранува имагинацијата и еротските мечти на оние кои веќе се нејзини обожаватели, а и да придобие нови. Сето ова надополнето со одличниот мејк ап на охридскиот стилист Јован Кароски, прави првенчето на Марија Луиса Тодоровска да изгледа ем еротски, ем господски.
Како, проследете во видеото во продолжение: