Една од нашите најталентирани вокални интерпретаторки, Наташа Миха, преку емотивна објава на Фејсбук со зборовите „You look amazing“ покажа дека ќе стане мајка.
Таа за првпат јавно го покажа своето трудничко стомаче во впечатлив црвен фустан.
Веста дека Наташа и нејзиниот долгогодишен партнер, сопруг и соработник, гитаристот и продуцент Дамир Пух, го очекуваат своето прво дете, веднаш предизвика бран од честитки и воодушевување кај нивните колеги и обожаватели.

Наташа Миха и Дамир Пух важат за еден од најстабилните, но и најкреативните парови на нашата естрада. Нивната приказна е редок пример каде што личната љубов и професионалната визија се надополнуваат совршено. Тие веќе со години творат заедно како ко-сопственици на студиото „Green Room Sound“ во Скопје.

Покрај нејзината естрадна кариера, Наташа Миха е и вокален педагог и доцент по џез пеење. Дамир, пак, освен на гитарата, посветен е и на компонирањето и музичката продукција.
По долги години заеднички живот, патувања, концерти и безброј часови поминати во студиото, овој уметнички пар сега се подготвува за својата најважна улога во животот.

Бебето што е на пат ќе ја круниса нивната повеќегодишна интимна и професионална приказна, претворајќи го нивното динамично дуо во прекрасно тричлено семејство.
фото:Facebook/Natasha Miha Puh





